Кожуф е сосема нов тим со Алтипармаковски

0

Второлигашот Кожуф на убав начин ја финишираше штотуку завршената второлигашка есенска полуетапа.

Со седум мечеви без пораз во последните седум кола. Нешто што реално во Гевгелија е и изненадување со оглед на лошиот старт на сезоната.

Сепак, доаѓањето на чело на тимот на тренерот Вангел Алтипармаковски и тоа како влијаеше на реузлтатите. Тој донесе свежина во тимот, далеку повисоко ниво на професионализам, подобра игра, па нормално е резултатите сами посебе и да се подобрат.

„Задоволен сум од она што го одработевме како колектив во изминатиот период откако пристигнав во Гевгелија. Тука пред се мислам на сите структури инволвирани. Од градската управа, односно градоначалникот на Гевгелија, чиј што спортски ентузијазам во голема мера е „виновен“ за опстојувањето на клубовите во овој град. Па преку управата на клубот, па се до стручниот штаб и играчите. Да не ги забиравиме и навивачите кои што се неизоставен дел од Кожуф. Сето ова создаде една добра атмосфера за работа во Гевгелија, која што сигурен сум дека ќе продолжи и напролет. Со неколку засилувања, и добри подготовки зимава убеден сум во уште подобри резултати и напролет“  – вели за СпортСпорт, тренерот на Кожуф, Вангел Алтипармаковски.

 

ПретходноГоран Попов викендов специјален гостин на ВБА