Одбојкарките на Наковски Волеј продолжуваат со максимален ефект во Првата лига. Во дербито од седмото коло, струмичкиот состав го совлада актуелниот шампион Работнички Скопје со 3:1 и ја забележа седмата победа во исто толку натпревари, со што ја задржа лидерската позиција на табелата.
Возбудливо беше и во Битола, каде што Газели Волеј по голема борба славеше со 3:2 на гостувањето кај Пелистер Волеј. ЖОК Вардар ЕМ беше убедлив против Фит Фан Волеј со 3:0, додека Младост УГД со идентичен резултат ја совлада Струмица Жени. Јанта Волеј – КВ исто така освои три бода, победувајќи го Фламинго Волеј со 3:1.
ПРВА ЛИГА – ЖЕНИ / 7. коло:
Наковски Волеј – Работнички Скопје 3:1
Фит Фан Волеј – ЖОК Вардар ЕМ 0:3
Струмица Жени – Младост УГД 0:3
Пелистер Волеј – Газели Волеј 2:3
Фламинго Волеј – Јанта Волеј – КВ 1:3









