Некогашниот македонски интернацииналец и интернационалец Горан Попов, викендов ја имаше таа чест и задоволство да биде специјален гостин на неговиот некогашен клуб Вест Бромвич Албион.
Попов на покана на менаџментот на клубот, кој што не ги заборава своите поранешни играчи, напротив, им дава на огромно значење, беше специјален гостин на клубот, и присуствуваше на дуелот против екипата на Бристол при што ВБА обезбеди победа од 1:0.

Вест Бромвич Албион е клуб со огромна традиција, вековна може да се каже, па ваквиот третман на странски играч каков што го доби Попов е од исклучително значење.
Популарниот „Попај“ прекарот кој што го доби Попов за време на престојот во ВБА и овојпат беше испочитуван.
Попов сега е во менаџерските води, одговорен е за кариерите на неколку македонски репрезентативци.











