Наковски Волеј го „среди“ и шампионот за 7 од 7

0

Одбојкарките на Наковски Волеј продолжуваат со максимален ефект во Првата лига. Во дербито од седмото коло, струмичкиот состав го совлада актуелниот шампион Работнички Скопје со 3:1 и ја забележа седмата победа во исто толку натпревари, со што ја задржа лидерската позиција на табелата.

Возбудливо беше и во Битола, каде што Газели Волеј по голема борба славеше со 3:2 на гостувањето кај Пелистер Волеј. ЖОК Вардар ЕМ беше убедлив против Фит Фан Волеј со 3:0, додека Младост УГД со идентичен резултат ја совлада Струмица Жени. Јанта Волеј – КВ исто така освои три бода, победувајќи го Фламинго Волеј со 3:1.

ПРВА ЛИГА – ЖЕНИ / 7. коло:

Наковски Волеј – Работнички Скопје 3:1

Фит Фан Волеј – ЖОК Вардар ЕМ 0:3

Струмица Жени – Младост УГД 0:3

Пелистер Волеј – Газели Волеј 2:3

Фламинго Волеј – Јанта Волеј – КВ 1:3

ПретходноКипар си заврши работа, победи и на гости кај Австрија