Чурлинов во обид да го освои Олд Трафорд

1093

Дарко Чурлинов и неговиот тим Барнли денеска од 21:00 часот му гостуваат на големито Манчестер Јунајтед во рамките од 1/8 финалето од ЕФЛ купот на Англија.

Ова е првиот термин, односно меч на топ екипите од Премиер лигата откако заврши Мундијалот во Катар и со него се рестартира актуелната сезона.

Чурлинов на време се опорави од незгодната повреда, и полека добива шанса за настап. Допрва треба да се избори за првотимски статус, односно за минутажа која ќе го направи битка карика во тимот.

Од друга страна, Олд Трафорд е местото каде што за шест месеци репрезентацијата на Македонија ќе и гостува на Англија во рамките од следниот квалификациски циклус што ќе рече дека за Чурлинов ова е еден вид генерална проба на „Театарот на соништата“.

 

ПретходноСтигна францускиот одговор за навредите од Аргентина (ФОТО)
СледноОФИЦИЈАЛНО: Севиља и Иско се разделија