Лемго на нашиот искусен голман Борко Ристовски обезбеди пласман во четвртфиналето на германскиот ракометен куп откако денеска во осминафиналнат апресметка со екипата на Елбфлоренц славеше на гости со 32:27.
Голем удел во победата на Лемго и пласманот меѓу осумте најдобри имаше Ристовски кој беше извонреден на голот со 8 успешни интервенции.