Она што се предвидуваше и очекуваше, дека нашата најдобра фудбалска репрезентација ќе се најде на 65.место во светот на најновата ФИФА листа, денеска и се оствари.
Имено и покрај слабите резултати на последните мечеви, нашата селекција остана на тоа место на кое беше и на последното рангирање во октомври.
Значи Македонија годината 2022 ќе ја заврши како 65-та фудбалска сила во светот.
Инаку на врвот има мали промени. Бразил остана прв, но сега Аргентина е втора, Франција трета а Белгија падна на четвртото место. Следуваат Англија, Холандија, Хрватска, Италија, Португалија и Шпанија во ТОП-10 селекции на ФИФА ранг листата.