Полска му врачи отказ на селекторот Михњевич

97

Фудбалската репрезентација на Полска на својата официјална веб-страница објави оставка на селекторот Чеслав Михневич од селекторската функција во националниот тим.

„Во име на Бордот на Полската фудбалска асоцијација (ПЗПН), би сакале да му се заблагодариме на Чеслав Михњевич за 11-месечната работа. Како што знаете, тој го презеде тимот во многу тешко време. И покрај овие околности, тој успеа да се пласира на Светското првенство во плеј-офот, како и да одржи место во елитната дивизија на Лигата на нации. Тој, исто така, ја предводеше репрезентацијата до плеј-офот на Светското првенство за првпат по 36 години. За ова, Чеслав Михневич заслужува благодарност. Тој е искусен тренер и сигурен сум дека нема долго да чека на нови работни понуди. Му посакуваме многу среќа и понатамошни успеси во кариерата“, изјавил претседателот на Полската федерација, Кулеш.

ПретходноСветскиот шампион од 1998 удри по Дешамп: Срамота е да не ја победиш Аргентина во финале
СледноФИФА ги објави номинациите за најдобар голман за 2022