Иако има само 26. години некогаш фантастичниот Деле Али, е на праг да го допре дното што се вели кога е во прашање фудбалската кариера. Очајните настапи во последните години и месфатливиот огромен пад во формата на еден од најдобрите офанзивци во светот во еден момент, направија тој од Евертон да заврши на позајмица во Бешикташ. А како таму игра доволно говори следниот пример.
Синоќа Бешикташ во купот на Турција играше против третолигашот Санлиурфаспор. По само дваесетина минути противникот водеше со два гола разлика. Навивачите гневни, лути до бескрај, не знаеја што попрво да направат. Во тие моменти стручниот штаб одлучи да го повлече Деле Али од игра кој очигледно не неправил ама баш ништо како што треба. Бранот од свирежи можете сами да го слушнете.
💥 Beşiktaş taraftarı oyundan alından Dele Alli'ye tepki gösterdi. pic.twitter.com/I9sBfbOJfW
— Fotomaç (@fotomac) December 21, 2022