Тимот на Шкупи напролет ќе биде без Бесир Демири. Некогашниот младински репрезентативец на Македонија, и учесник на У21 Европското првенство во Полска во 2017 година, си заминува од Чаир по краткиот престој таму сезнава.
Страничниот дефанзивец во договор со управата на пролет ќе има нов клуб, затоа што во моментов е оценето дека тоа е најдобро за сите.
Демири е инаку дете на Шкупи, а потоа замина во Шкендија, па во Вардар за да потоа стартува со интернациналната кариера во Мариупол, Кукс, Жилина, за да се врати на Чаир.