Српскиот кошаркар Никола Јокиќ одигра уште еден меч за паметење. Денвер славеше по голема драма по продолжение со 128:125 против Феникс, а Србинот беше во центарот на вниманието, овој пат како од шега постигна нов трипл-дабл, многу полесно од победа.
Најдобриот НБА кошаркар во две сезони, кој знае можеби и трет во низа, беше незапирлив – Јокиќ го заврши мечот со 41 поен, 15 скока и 15 асистенции, покажувајќи уште еднаш дека е „газда“ на теренот.
Јокиќ имаше помош од Гордон кој запиша дабл-дабл од 28 поени и 13 скокови, добра партија пружи и Мареј со 26 поени.
На втората средба, Голден Стејт ја прекина низата од два порази во низа и го совлада Мемфис со 123-109. Со овој пораз Мемфис падна на третото место во Западната конференција, а додека Денвер на Јокиќ се зацвртси на врвот. Актуелниот првак е 11-ти со скор од 16 победи и 18 порази.