Големо засилување во Ѓорче: Калид Басит повторно меѓу “лавовите“!

1842

Како што дознава “Спортмедиа“, Калид Абдул Басит повторно ќе го носи дресот на Македонија ЃП. Интернационалецот од Гана, кој со својата висина (191 см) и головите блескаше во дресот на тимот од Ѓорче во есенскиот дел од сезоната 2020/21 кога постигна 8 голови, ќе биде големото зимско засилување за “лавовите“.

Да се потсетиме дека по блескавите настапи во Македонија ЃП фудбалерот од Гана во јануари 2021 година направи голем трансфер во Есперанс, тим од Тунис. Потоа кариерата го водеше во Шериф Тираспол (Молдавија), а во Македонија ЃП доаѓа од тимот на Ал – Тадамон (Кувајт), но немаше настапи за овој тим.

ПретходноКФСМ ги прогласи најдобрите: Година на Рајковиќ, Војдан, Димитријевиќ, МЗТ…
СледноЕрдоган со шокантна изјава: Роналдо беше седнат на клупа поради Палестина!