Андреа Ањели: Напуштањето на претседателската функција во Јувентус не беше лесна одлука

119

Веќе поранешниот претседател на Јувентус Андреа Ањели објави дека неговата одлука да се повлече од функцијата воопшто не била лесна, но тоа го направил за да не влијае на одлуките на истрагата поврзани со „Старата дама“.

Ањели претседаваше со последното собрание на акционери во Торино . Тој поднесе оставка на 28 ноември заедно со остатокот од бордот на директори, вклучувајќи ги и потпретседателот Павел Недвед и извршниот директор Маурицио Аривабене. Новите членови на одборот беа именувани вчера, а денеска и официјално ќе бидат именувани.

Андреа Ањели го отвори денешното собрание на акционери со краток говор: „На следниот претседател Фереро и на новиот извршен директор Сканавино му посакувам се најдобро. Ќе дадам дополнителни проценки на состанокот на бордот на директори на 18 јануари“, рече тој.

„Напуштањето на претседателската функција не беше лесна одлука за мене. Покрај тоа што го сакам Јуве , работев напорно за да ги постигнам извонредните резултати во последните години, и на теренот и надвор од него“, додаде тој.

„Оваа одлука ја донесов со целосна смиреност, останувам цврсто убеден во добрата работа направена сите овие години, мислење потврдено во последните недели и со анализите на бројни експерти: Јувентус ќе ја докаже својата легитимност во сите области“, заврши Ањели

ПретходноЧелзи е фаворит за потписот на Деклан Рајс
СледноЉупчо Марковски нов тренер на Тетекс?