Напаѓачот на Баерн (М), Роберт Левандовски се огласи по израмнувањето на рекордот на легендарниот Герд Милер според бројот на погодоци во една сезона во Бундеслигата.
Полјакот денес против Фрајбург (2:2) го постигна својот 40. гол во сезоната во Бундеслигата и со тоа успеа да се израмни со Милер.
„Постигнав нешто што некогаш изгледаше невозможно. Јас сум неверојатно горд што влегов во историјата на Баерн и учествував во пишувањето приказна што навивачите ќе им ја раскажуваат на своите деца, следејќи ги стапките на легендите како Герд Милер. Личните рекорди во фудбалот се можни само благодарение на соиграчите, и им благодарам на нив и на целиот персонал на Баерн. Јас секогаш ја поставував летвичката што е можно повисоко. Секогаш очекувам повеќе од себе и сакам да ги надминам новите граници. Ова е мојот начин. Ви благодарам што верувавте во мене“, напиша Левандовски на Инстаграм.