Македонската ракометна федерација денеска на прес-конференција ги откри деталите за мечот на деценијата помеѓу поранешните и сегашните репрезентативци. Спортскиот настан „Сите ѕвезди“ ќе се случи на 3 јануари во СЦ „Борис Трајковски“ истиот ќе биде од хуманитарен карактер, средствата собрани од продажба на билетите кои веќе одамна се во продажба ќе бидат донирани во СОС Детско село.
Со овој децениски натпревар, РФМ ќе им оддаде почит на сите оние големи ракометни имиња кои низ годините придонесуваа за среќните спортски репрезентативни денови.
На денешната прес-конференција беа присутни Стојанче Стоилов, кој од скоро одлучи да стави крај на репрезентативната кариера.
„Благодарност што сум тука. Одличен настан да се оддаде почит на една генерација која твореше на терените со години, да се даде почит на оваа нова репрезентација. Ќе биде одличен начин да се отвори спортската 2023 година, хуманоста и спортот ќе бидат на едно место. Се надевам дека нема да има повреди на оние кои се замрзнати, не играле со години“, Стојанче Стоилов.
Ванчо Димовски ќе биде еден од 20 имиња потврдени во тимот на легендите.
„После долго време сум од другата страна. Она што ми го дадоа за задача не можам да одговорам за секој поединчено. Многу ме радува настанот, после долги години ќе се собереме на едно место. Околу подготовките, сите индивудално тоа го прават. До 3 јануари ќе се видиме сите заедно од 20 потврдени, ќе се подготвиме што е можно подобро да се покажеме во супер светло. Со оваа прес-конференција завршува 2022 година, а веќе во јануари имаме честовој меч да биде прв настан во спортот во Новата Година. Ако им донесе среќа на ракометарите на Светското првенство нека биде и пракса“, изјави Димовски.