Пораз од Германија на „Шпаркасен купот“

110

Македонската кадетска ракометна репрезентација загуби против Германија со конечни 31:25 на вториот меч на „Шпаркасен купот“.Стартувавме со победата над Австрија, а избраниците на селекторот Стојановиќ не успеаа да издржат против силниот противник.

Сепак, доколку денеска обезбедиме победа над Холандија ние ќе бидеме тие кои што заедно со Германија ќе патуваме во полуфиналето, затоа што Австрија ја совлада ткму Холандија во оваа фаза. Секако, за тоа ни е потребна и победа на Германија над Австрија.

 

 

 

ПретходноТри моќни компании ја полнат касата на МЗТ Скопје Аеродром!
СледноКрихмаер победник на спустот во Бормио!