Сантос е клубот за кој Пеле играше во најголем дел од својата кариера. Јасно е дека цел фудбалски свет тагува по заминувањето на Кралот, но тагата во Бразил, посебно во Сантос е најголема.
Токму затоа клубот на социјалните мрежи се прости на најдобар можен начин, со круна и со она…
“Вечниот“.
Со ова Сантос кажува дека Пеле никогаш нема да умре, Пеле не може да умре, Пеле ќе живее вечно во срцата на сите фудбалски фанови.