Борко Ристовски ја заврши мисијата во Бундес-лигата, се враќа во Вардар 1961!

258

Авантурата на Борко Ристовски во Лемго кратко траеше. Искусниот голман се враќа во Вардар 1961. Бундес-лигашот му се заблагодари за сето она што го стори за тимот.

„Пред да се збогуваме со 2022 година, исто така е време да му се каже збогум и на Борко, кој ни помогна кон крајот на оваа година. Ти благодариме за твојата посветеност, за позитивното размислување и за важните паради. Ти посакуваме на тебе и на твоето семејство се најдобро во иднина“, се вели во соопштението на германскиот клуб.

И Ристовски му се заблагодари на клубот на неколкуте недели минати на голот.

„Сакам да му се заблагодарам на клубот, на сите соиграчи како и на фантастичните навивачи за последните неколку седмици. За мене беше гордост да се биде дел од Лемго, клуб на кој му посакувам многу успех и среќа во иднина“, порача Борко Ристовски.

ПретходноЧурлинов стартер, Барнли победи на гостувањето кај Стоук
СледноБензема со два гола во финишот му ги обезбеди бодовите на Реал (видео)