Репрезентацијата во 2022: Чудото во Палермо, болниот пораз од Бугарија…и неуспехот во Лига Нации!

195

Во 2022 година “влеговме“ со надеж дека Македонија после пласманот на ЕП ќе може да игра и на Мундијалот во Катар. Пред нас беа две пречки, Италија и Португалија во баражот, и двете на гости.

Тој 24 март засекогаш ќе остави белег на сите нас. Чудото во Палермо, Алекс со гол во 90+2.минута донесе триумф над европскиот првак.

Луѓе, бевме на 90.минути до пласман во Катар. Сепак Португалија не е Италија, Роналдо и другарите во Порто ја победија Македонија со 2:0 и тие заминаа на Мундијалот.

Од тогаш па наваму се осети и виде падот на нашата најдобра репрезентација. Резултатите беа стани – падни, играта не така како што треба. Во Лигата на Нации неуспех. Не бевме на своето ниво и на крај во конкуренција на Грузија, Бугарија и Гибралтар завршивме како трети.

Следуваа пријателски при крајот на годината, и тука не бевме на своето ниво.

Сепак најмногу боли и пече оној пораз од Бугарија дома, среде Скопје со 0:1.

Така “напалени“ мислевме дека ќе го “згазиме“ источниот сосед. Политиката ја ставивме во преден план и кога е така, тогаш обично не успеваш.

Се на се година која мора да ја сфатиме како преодна. Пред нас е 2023 и квалификациите за ЕВРО.

Тука мора подобро, тоа го знае селекторот Милевски, а го знаат и фудбалерите.

На крај, Македонија во 2022 година одигра 11 натпревари, на нив победивме само во три меча, одигравме двапати нерешено и имавме шест порази со гол разлика 10:14.

ПретходноГреј со убав гол не дозволи уште една победа на „граѓаните“ (видео)
СледноВиљареал со пресврт ги собра бодовите против Валенсија (видео)