Луис Суарез е нов фудбалер на Гремио

389

Официјално. Уругвајскиот напаѓач Луис Суарез стави потпис на договор со бразилскиот Гремио. По заминувањето од Национал, искусниот голгетер одлучи да ги одбие понудите од клубови од Саудиска Арабија и од МЛС и да се пресели во Гремио.

Тој стави потпис на двегодишен договор со трикратниот шампион на Јужна Америка. Инаку ова е прв пат Суарез да игра во Бразил. Кариерата ја почна во Национал, потоа играше за Гронинген, Ајакс, Ливерпул, Барселона, Атлетико, а во 2022 година се врати во Национал со кого ја освои титулата во Уругвај, а сега ќе игра во Бразил.

За Уругвај има 137 настапи и 68 гола.

ПретходноСП Катар: Меси со пехарот, најдобро финале во историјата, Мундијал за мерак!
СледноТОП 10: Што читавте на „Спортмедиа“ оваа година?