Скандал: Ал Наср го избрка Узбекистанецот зошто не сакал да му ја даде “седмицата“ на Роналдо! (ФОТО)

3948

Каде и да оди прави само проблеми, ќе кажат тие што не го респектираат премногу Кристијано Роналдо. Имено во неговиот нов клуб Ал Наср избил скандал околу тоа кој ќе ја носи “седмицата“. Досега тоа бил извесен Јалодим Машарипов од Узбекистан кој едноставно не сакал да се откаже од тој број, а се знае дека Роналдо токму “седмицата“ ја барал по секоја цена, па и поради маркетиншките права.

Откако видел дека нема шанси да ја добие “битката“, Узбекистанецот се согласил да го има бројот 77. Тоа премногу не им се допаднало на челниците на клубот, тие тоа го сфатиле како Машарипов да тера инает со нив и веднаш му го раскинале договорот а со тоа и го избркале од клубот.

Интересно е тоа што официјално за причина навеле дека имаат премногу странци во тимот.

Image

Image

ПретходноЈагуриновски: Играме модерен ракомет, многу побрз од досега, кој ќе ја краси Македонија не само во Краков, туку и во иднина!
СледноСем Мендес: Мурињо би бил перфектен негативец во Џејмс Бонд филмовите