Селекторот на Италија Роберто Манчини даде интервју за „Газета дело спорт“. Во него тој направи сметка за изминатата 2022 година и зборуваше за иднината на „Аѕурите“, како и за тоа кој според него ќе го преземе Скудетото.
„Помина една тажна 2022 година, многу тажна за мене: смртта на Синиша, болеста на Џанлука Вијали. Ова се нештата што тежат на срце: работи за кои не можеш ништо да направиш. Сепак, секогаш можам да го надоместам спортското разочарување“, започна Манчини.
Роберто Манчини типува на Наполи како фаворит во Серија А:
„Ова е премногу тешко, а уште повеќе по 50 дена одмор. Но, Наполи има добри шанси: осум бода предност и проверена група која исто така додаде двајца или тројца силни играчи.“
Италијанскиот селектор го изрази својот оптимизам за настапот на Италија во новата 2023 година.
„Оваа година ќе биде година на Киеза и на Заниоло. Типувам на нив. По ЕП 2020 практично ги немав на располагање, им посакувам да бидат здрави и да ја вратат формата. Можеби 2023 ќе ни донесе нешто, Лигата на нации во јуни: од нас зависи, имаме шанси. Добри шанси…“, заклучи Манчини.