Брегалница главниот дел од подготовките ќе ги одработи во Охрид, закажани се повеќе „тестови“

353

Одамна е познато дека стартот на зимските подготовки на штипските „сини“ под водство на новиот тренер Горан Здравков ќе биде на 9 јануари. Најново е тоа што Анталија како опција за одработување на главната фаза од подготовките пропападна, па така играчите и стручниот штаб ќе престојуваат во Охрид, каде што ќе биде базата на “сините“ од 26 јануари до 5 февруари.

Познат е и распоредот на одигрување на пријателските средби во Охрид. На 28 јануари ривал ќе биде Воска, три дена подоцна Брегалница ќе игра со Караорман, а на 5 февруари со Пелистер, се бара противник за 1 февруари.

Инаку “генералката“ во пресрет на стартот на пролетниот дел во ПМФЛ ќе биде на 12 февруари во Штип, а противник ќе биде тимот на Беласица.

Да кажеме, она што и се знаеше претходно, дека пред заминувањето во Охрид, Брегалница на 19 и 24 јануари во Штип ќе ги одмери силите со А. Пандев и Тиквеш.

ПретходноПоследен поздрав за „кралот“: 230.000 го испратија Пеле до вечниот дом (ВИДЕО)
СледноГОРДО СЕ НОСЕА СО СИТЕ ПОБЕДИ И ПОРАЗИ: Македонија и РФМ им се поклонија на Кире, Столе, Миркуловски, Борко…(ВИДЕО)