Роналдо го забележа малото девојче на трибините и ги воодушеви навивачите (ВИДЕО)

2115

Ал-Наср и неговите навивачи му приредија спектакуларен пречек на Кристијано Роналдо пред полните трибини. Португалскиот фудбалер уживаше во поддршката, фановите го скандираа неговото име, а камерите го следеа секој негов потег.

Откако на англиски рече дека е задоволен што пристигнува во Ал-Наср и вети дека ќе го даде својот максимум за него, а сето тоа на одобрување на публиката и громогласен аплауз, Роналдо потпиша неколку топки, кои потоа ги упати на трибините. Со последниот потег ги воодушеви фановите.

Иако веќе беше подготвен да ја испушти топката од рака и да ја шутне, португалскиот напаѓач во последен момент се предомисли и наместо тоа со топката во раце тргна од центарот кон трибините, забележувајќи девојче на трибините ѝ ја подаде топката на гласно одобрување на навивачите на клубот.

ПретходноЛазаров: Се надевам дека овие млади ракометари ќе бидат подобри и од нас!
СледноЃоковиќ и натаму не смее да влезе во САД!