Клубот кој се бори за опстанок во најсилната српска лига Младост од Лучани продаде свој фудбалер во Манчестер Сити. Се работи за Ѓорѓе Гордиќ кој со англискиот шампион потпиша петгодишен договор и очекувано е позајмен во друг клуб. Тој ќе го продолжи својот развој во белгиски Ломел. Тука, во послаба лига ќе стекне искуство ќе го крене својот квалитет пред да се врати во Англија.
За овој трансфер Младост ќе добие речиси 2 милиони евра, а со бонуси вредноста може да достигне 2,2 милиони евра.