Братот на Мбапе со поглед ќе го “убие“ Лео Меси!

614

Мала свеченост имаше денеска на утринскиот тренинг на ПСЖ. Имено за првпат по освојувањето на титулата на СП во Катар, во клубот се појави Лео Меси. И како што доликува, соигралчите и тренерите со шпалир го дочекаа својот соиграч и притоа со насмевки му аплаудираа. Во овој шпалир не беа Килијан Мбапе и Ашраф Хакими кои од пред три дена се на мини –одмор во САД.

Затоа тука беше Итан Мбапе, помалиот брат на Килијан, кој иако во еден момент му аплаудираше на Лео, сепак далеку од тоа дека се насмевна,напротив се чинеше како со погледа сака да “убие“ генијалецотод Росарио.

Останува да се види како ќе мине првата средба меѓу Килијан и Лео, откако првиот ќе се врати на тренинзи.

ПретходноРоналдо во Ријад ќе престојува во супер –луксузна вила вредна 14 милиони евра! (ВИДЕО)
СледноХоландија убедливо поразена од Франција на контролата во Ле Ман