Шифрин победи на “Сљеме“, сега е на победа до рекордот на Вон!

161

Микаела Шифрин и натаму продолжувасо целосна доминација во алпското скијање за жени. Денеска на патеката на “Сљеме“ која се наоѓа во близина на Загреб, успеа да победи во слаломот. Таа во двете возења имаше вкупно време од 1:36.42 минута. На второ место се најде Петра Влхова од Словачка со 0,76 стотинки заостанување, додека третана подиумот беше Ана Свен Ларсон од Шведска.

Да кажеме дека речиси сите скијачки се бунеа поради стазата,носепак трката во СК беше одржана.

Со оваа победа фантастичната Американка се најде на само една победа, оваа беше нејзина 81-ва победа, до рекордот во победи во СК кој го држи Линдзи Вон, и пет до апсолутниот рекорд кој го држи Ингемар Стенмарк.

Ова фото е пред да се одржи денешниот слалом на „Сљеме“.
Image

ПретходноЕ.Пелистер подготовките за вториот дел од сезоната ќе ги стартува на 9 јануари!
СледноПеро Антиќ: Парите сум ги заработил со пот, после се што имам направено за Македонија ми дава за право да се облекувам како што сакам!