Милик за победа на Јуве во 91. минута, Фиорентина ремизираше со Монца (ВИДЕО)

110

Со гол во 91. минута и тоа од слободен удар, Јувентус дојде до седмиот последователен триумф во Серија А. Со многу мака, „Старата Дама“ го совлада Кремонезе со 0:1, а одлуката ја донесе Аркадиуш Милик со гол од слободен удар во судиското надополнување.

Во текот на натпреварот беа забележани голем број одлични шанси од двете страни и вистинско изненадување е што мрежата и на едната и на другата страна остана мирна цели 90 минути.

Во вториот меч кој заврши истовремено, Фиорентина пропушти голема шанса за три бода. „Виолетовите3 пред своите гледачи одиграа само 1:1 против Монца. Домашните поведоа со голот на Кабрал во 19. минута, а израмни Карлос Аугусто во 61. минута.



Standings provided by Sofascore

ПретходноЧетворица членови на холандската репрезентација позитивни на Ковид-19
СледноМукаетов: Победи хуманоста, а публиката беше МВП