Алфа Таури први ќе го претстават новиот болид, Ферари закажаа промоција на 14 февруари

206

Формула 1 тимовите почнаа да ги објавуваат датумите за презентација на новите болиди за сезоната 2023 година.

Во моментов четири од десетте екипи објавија кога ќе ги промовираат своите нови болиди со кои ќе се борат за што подобар пласман во новата Ф1 сезона.

Прв на листата е тимот на Алфа Таури кој промоцијата на болидот АТ04 ја закажа за 11 февруари. Два дена подоцна пред новинарите ќе се појави и Астон мартин со моделот АМР23, а на 14 февруари промоција закажа Ферари.

Новиот болид на Алпин. Моделот А523 ќе го видиме на 16 февруари.

Предсезонските тестирања ќе се одржат меѓу 23-25 ​​февруари во Бахреин, а првото Гран При во 2023 година ќе се одржи исто таму од 3-5 март.

ПретходноХоландија убедливо поразена од Франција на контролата во Ле Ман
СледноЏеко им го нанесе првиот пораз на Елмас и Наполи (ВИДЕО)