Играчот за врска Мустафа Мујезиновиќ е новото засилување за тимот на Шкендија. Интернационалецот од Босна и Херцеговина, инаку по вокација играч за врска го засилува тимот кој има амбиција во своите витрини повторно да го донесе шампионскиот пехар, но затоа му требаат квалитетни поединци.
Од Шкендија веруваат дека Мујезуновиќ е тoкму таков. Последно за кого настапувал е српскиот суперлигаш, Нови Пазар, а пред тоа бил дел и од Железничар, Мостар, Босна Високо, а кратко бил интернационалец и во Германија. Во моментов има 29.години.