Во тек е првиот натпревар од денешната програма помеѓу репрезентациите на Унгарија и Франција. Пред започнувањето на истиот, Французите направија прекрасен гест со кој го одушевија светот.
Пред нивната соблекувална беше позтавен монитор и видео конекција со момче кое лежи во болница, и кое изразило желба да ги запознае „Триколорите“.
Сите од ред застанаа пред мониторот и го отпоздравија момчето на негова голема радост, а воодушевување на сите останати.
Потоа мораа да минат и безбедносен појас покажувајќи ги акредитациите. Интересен момент во кој обезбедувањето им бараше идентификационен документ, на еден Мбапе, Бензема…