Бразил го сака Далиќ за селектор!

162

Откако постигна уште еден феноменален резултат со Хрватска на последното Светско првенство кое се играше во Катар, Далиќ е човек со голем број понуди, а прашање е дали и во наредниот период ќе остане селектор на Хрватска.

На последните две Светски првенства Хрватска успеа да освои два медали, сребрен и бронзен, што е навистина фантастичен резултат.

Во четвртфиналето на Светското првенство кое се играше во Катар, Хрватска го елиминира првиот фаворит за освојување на титулата светски првак, репрезентацијата на Бразил.

Покрај елиминацијата на Бразил, Хрватска одигра брилијантно на целото Светско првенство, а како доказ за тоа го освои третото место што е уште еден голем успех за оваа репрезентација.

Според бразилските медиуми, токму Златко Далиќ е еден од милениците на бразилскиот фудбалски сојуз кој сака да го донесе на својата клупа.

Далиќ во последните изјави ги врза плановите со Хрватска, а со Хрватска сака да се обиде да го нападне европскиот трон.

Според бразилските медиуми, Далиќ ќе добие понуда од Бразил, па би можел да стане само третиот странец кој ја предводи оваа репрезентација. Покрај името на Далиќ, Бразилците активно размислуваат за уште двајца потенцијални тренери и тоа Пеп Гвардиола и Жозе Мурињо.

ПретходноЈокиќ на српски јазик пред полна сала го честиташе Божиќ (ВИДЕО)
СледноОфицијално: Дешамп селектор на Франција до 2026!(ФОТО)