Тренерот на Бенфика Роџер Шмид објави дека играчот за врска Енцо Фернандес останува во клубот и покрај големиот интерес од другите клубови.
„Толку е. Заврши приказната. Тој останува наш играч“, кажа тренерот за „А Бола“.
Најдобриот млад фудбалер на СП во Катар беше поврзуван со Челзи за 127 милиони евра. Тоа ќе беше шестиот најскап трансфер во историјата на фудбалот. Имаше и други екипи заинтересирани за него, но засега ништо од тоа.
Фернандес има 25 меча за Бенфика во првиот дел од сезоната во сите конкуренции, а одбележа и три гола и пет асистенции.