Жесток меч со четири гола и победа на Сосиедад во баскиското дерби против Атлетик Билбао во 17.коло на Ла Лига. „Сино-белите“ на свој терен славеа триумф од 3:1 што е нивна 11 победа сезонава со која се зацврстија на третото место на табелата со 35 бода.
Атлетик го впиша петтиот пораз и е на осмото место со 26 бода.
Александар Сорлот (25 минута) и Кубо (37 минута) донесоа предност на Сосиедад од 2:0, а пред крајот на првото полувреме Санчет намали.
Во вториот дел, поточно во 63. минута нововлезениот Ојарзабал од пенал ги постави конечните 3:1. Прекршокот за најстрога казна го направи Јерај Алварез поради кој доби и црвен картон.
Ова е прв триумф на Сосиедад над Атлетик во првенството после декември 2020 година.