Се чини дека и покрај најавите, Езџјан Алиоски веројатно останува во редовите на Фенербахче. И тоа ако се суди според денешниот меч Газијантеп – Фенербахче, на кој Џани беше стартер и играше се до 82.минута по што беше заменет. Значи со Џани се е еполесно, тој е стартер а Фенер победува и тоа со 1:2. Алиоски по пауза од неколку мечеви доби шанса од стратегот Жезус да биде во стартниот состав и тоа му се исплатеше.
Фенер поведе со голот на Енер Валенсија во 8.минута, за да Газијантеп во 55.минута преку Кисиу успеа да израмни на 1:1, во самиот финиш Валенсија одново постигна гол за победа на гостите.
Што се однесува до Лука Станковски, нашиот млад репрезентативец, тој не беше во записникот во составот на домашниот состав.