Немили сцени на лондонското дерби: Фан на Тотенхем го клоцна голманот на Арсенал (видео)

348

Екипата на Арсенал со 2:0 славеше на гости кај Тотенхем во меч од Премиер лигата. „Топчиите“ славеа благодарение на двата гола во првото полувреме со што ја продолжија серијата на одлични резултати сезонава во најсилната англиска лига.

Во еден момент голманот на Арсенал, Рамсдејл се пожали на повреда. Прво Ришарлисон му пререче нешто додека тој излегуваше надвор од теренот да му биде укажана лекарска помош. А таму навивач на Тотенхем се качи на рекламните паноа и го клоцна голманот во грбот.

Навивачот беше совладан, а голманот добро помина.

Од ФА веднаш покренаа истрага.

 

ПретходноСтручен коментар – Ристо Магдинчев: Немавме напад, немавме одбрана…лошо, многу лошо!
СледноКаков меч во Бергамо: Аталанта броеше до 8! (ВИДЕО)