Стручен коментар – Ристо Магдинчев: Немавме напад, немавме одбрана…лошо, многу лошо!

1674

Македонија на својот втор натпревар на СП, го доживеа својот втор пораз и тоа од Холандија со 24:34. Натпревар на кој едноставно лошо одигравме, пораз за отрезнување.

За тоа како го виде овој дуел со Холандија, од стручен агол, само за читателите на “Спортмедиа“ потенцира Ристо Магдинчев, нашиот стручен коментатор.

Како прво немавме напад, немавме одбрана, лошо, многу лошо. А добро почнавме, имавме водство од 1:0, 2:1, 3:2, но тогаш се тргна наопаку со првата серија на Холанѓаните. Веднаш да кажам во првиот дел за одбраната. Без агресивност, без борбеност. Тие 6-0 Холандија многу лесно ни ги пробиваше, посебно по таа лева страна кај Талески и Кузмановски, кај Серафимов на десната страна и не беше толку лошо.

Холандија одигра содржаен напад, Стејнс и Смитс знаеа што треба и затоа ривалот го полнеше нашиот гол. Бековите нивни не можевме да ги сопреме, од 18 примени голови тие постигнаа 12, неверојатно. Нашиот напад беше спор, неорганизиран, ни М од тој модерен и брз ракомет што го прокламиравме.

Во вториот дел на почетокот како да ги изненадивме Холанѓаните со човек на човек на Стејнс. И тоа беше добро, но тоа кратко траеше, стигнавме до -4 и тука пак почнавме да солираме, одбрана ни беше лоша, а во нападот многу солирања. Се играше еден на еден, два на два, немаше организација на нападот, топка која ќе кружи. Пак таа десна страна ја заборавивме. Имаше голема недисциплина, на моменти немаше ниту борбеност, како да бевме малодушни кога се виде дека и тоа убедливо ќе го загубиме натпреварот.

Факт е дека ние немаме играч – организатор, немаме, потоа од авион се гледа дека нема хемија меѓу Талески и Кузмановски, нашите двајца главни играчи, тука си имаме проблем кој мора да се решава во од. Мислам дека ова е една од послабите настапи на нашата селекција во последно време. Е, сега дали толку можемем дали ова е нашиот плафон, е тоа ќе видиме на последниот меч со Аргентина. Ако победиме некои работи ќе се свртат, но како сега да се вратат играчите на психолошки план. Се гледа кај нив една нервоза и тоа по изјавите веднаш по натпреварот.

Сега мора стручниот штаб прво психолошки да го спреми тимот, зошто се знае дека против Аргентина нема да биде лесно, а Македонија мора да победи ако сака да оди натаму. На крај треба да се каже дека треба да се почитуваат и респектираат оние 2.000 наши фанови кои вечерва беа во Краков и кои навиваа за нив, барем со поголема борбеност да им се оддолжеа. На крајот се надевам, посакувам подобра игра и победа против Аргентина“ заклучи Магдинчев.

ПретходноТомовски: Мора да веруваме, ако не веруваме нема што да бараме!
СледноНемили сцени на лондонското дерби: Фан на Тотенхем го клоцна голманот на Арсенал (видео)