РФМ: Поразите болат, благодарност до “Фалангата“, тимот пулсира во единство!

146

 

По вчерашниот пораз од Холандија на СП социјалните мрежи просто „зовреа“. Се пишуваше се и сешто, се бараа и се пишуваа изјави од играчите после натпреварот од страна на медиумите. Се анализираше секој нивни збор.

По сето тоа, предмалку Ракометната федерација на Македонија излезе со свое соопштение:

Ракометната репрезентација на Македонија учествува на осмо светско првенство; дванаесетто големо натпреварување во низа. Со седум дебитанти на теренот и еден од најмладите национални тимови на мундијалот, тешко се носевме со двата противника во групата.

ПОРАЗИТЕ БОЛАТ и навистина ни е жал што до сега не ја израдувавме бројната фаланга во Краков. Уште еднаш, огромна благодарност за нашиот осми играч!

Пред клучниот натпревар на ова првенство, против селекцијата на Аргентина, би сакале да се заблагодариме на македонските медиуми за поддршката и љубезно да замолиме да не се вадат изјавите на играчите од контекст.

Тешко е за сите, особено за оние кои се на првите борбени линии, а сензационалистички наслови и поединечни статуси на социјалните мрежи, никому нема да донесат добро.

Тимот е сложен; пулсира во духот на единството и одиме со сите сили на трета среќа: СО СРЦЕ ЗА МАКЕДОНИЈА!!

ПретходноМеси синоќа се избламира, па потоа виновен му беше Нејмар! (ВИДЕО)
СледноЈуве ја одреди цената за Влаховиќ: Кој го сака Србинот ќе мора да плати 110 милиони евра!