Лазаров пишува автобиографија!

269

Кирил Лазаров, најдобриот ракометар на Македонија, еден од најдобрите на овие простори, е во нов проект. Како што објави “Balkan – Handball.com“, нашиот селектор и капитен, инаку ракометар на Нант, пишува автобиографија за својата долга и успешна кариера.

Таа книга треба да биде мотивација и инспирација за сите идни генерации.

Како што најави Жика Богданови, српскиот новинар и основач на “Balkan – Handball.com“, автобиографијата треба да искочи до крајот на 2021 година.

“Со многу ентузијазам и енергија влегов во овој проект. Во неа ќе има многу работи кои ќе им помогнат на идните генерации. Да видат колку е тежок патот до врвот, но колку е и слатко кога си таму. Ова за мене е ново искуство, горд сум и задоволен и пристапив со голеа радост“ изјави нашата ракометна икона.

ПретходноЛиверпул тргнува по Доменико Берарди
СледноПосле осум години и 245 одиграни натпревари, Мишковски се раздели со Ренова!