Б – репрезентацијата на Македонија и денеска, во вториот пријателски меч е поразена од селекцијата на Србија. На денешниот меч во Ниш, момците на селекторот Кире Лазаров поразени се со 33:23. Првиот дел домашните ракометари го добија со 17:11, додека во второто полувреме беше 16:12.
Во секоја случај, како и вчера кога бевме поразени со 29:26, ова беше уште една убава контрола да се проверат силите на оние на кои Лазаров би можел да смета во иднина.
Според извештаите од Ниш, Лазаров им дал шанса на сите свои ракометари на кои сметаше на ова гостување во кај нашиот северен сосед.
Фото: Balkan – Handball