Баерн (М) и Борусија Менхенгладбах конечно се договорија за голманот на швајцарската репрезентација, Јан Зомер. Според информации на повеќе германски медиуми, Зомер денеска не се појави на редовниот клупски тренинг во Борусија (М), а вечерва клубот официјално го потврди неговото заминување.
„Јан Зомер не учествуваше на тренинзите на тимот со оглед на тоа што преговорите за трансфер на 34-годишниот голман се во завршна фаза“, се вели во соопштението.
Договорот сè уште не е комплетиран, бидејќи се уште се чека лекарскиот преглед кој треба да се случи вечерва во Минхен.
Доколку ги заврши формалностите, Зомер ќе потпише договор со баварците до летото 2025 година. Баерн ќе плати 8 милиони евра за него, плус 1,5 милиони евра како бонуси.
Yann Sommer has arrived for the first part of his medical check [🎥 @mano_bonke]pic.twitter.com/XHZNR3xk02
— Bayern & Germany (@iMiaSanMia) January 18, 2023