Пандев: Утрешниот меч за мене е последен во репрезентацијата!

1624

Македонскиот капитен Горан Пандев од Амстердам денеска најави дека утре тој ќе го игра последниот меч во националниот тим. Негов последен меч ќе биде дуелот со Холандија на ЕП во Амстердам, и со тоа ја соопшти дефинитивната одлука дека ќе се збогуба од националниот дрес, а можеби и воопшто од фудбалот.

„Ова е мој последен натпревар во дресот на Македонија. Оваа генерација го направи најголемиот успех во историјата на фудбалеот, и сметам дека е вистински момент да се збогувам од националниот дрес. Им посакувам на овие момци уште многу успеси во иднина, и сигурен сум, познавајќи ги нивните квалитети дека уште многу пати во иднина сите ќе не радуваат“, рече Пандев. 

Тој кажа дека е среќен што се збогува на еден ваков начин, на големо натпреварување.

„Среќем сум што се повлекувам на овој начин. Можам да кажам дека подобро збогуваање од дресот на Македонија на Европско првенство и не можев да посакам. Има емоции, но знак како да се носам со нив“, рече Пандев. 

ПретходноБ-тимот на Македонија одново поразен од Србија!
СледноАнгеловски: Последниот меч за Пандев е дополнителен мотив за позитивен резултат!