Ремзифаик Селмани, некогашниот напаѓач на Шкендија и Ренова, а последен клуб му бше Месоковесд од Унгарија е ново име во таборот на А. Пандев. Како што дознаваме “пандевци“ и одличниот играч за врска вече ги договориле сите детали, сега останува само да се официјализира трансферот.
Инаку за услугите на Селмани беа заинтересирани повеќе клубови од ПМФЛ, сепак очигледно е дека тимот од Струмица бил најбрз и најконкретен.