Ердал Ракип, досегашниот играч за врска на Малме и наш повремен репрезентативец, од денеска и официјално е нов член на Анталијаспор. Клуб од елитната Суперлига на Турција.
Договорот е со важност од 2,5 години и тој ќе биде еден од најголемите зимски засилувања за овој клуб.
„Од денот кога дојдов навистина убаво се чувствувам тука. Очекувам и верувам ова да биде успешен период од мојата кариера. Мое е да го дадам својот придонес за да тимот има успешни резултати“ истакна Ракип при промоцијата која беше извршена во текот на денешниот ден.