“Фуријата“ ја победи Словенија и обезбеди виза за 1/4 финале!

122

Шпанија и дефинитивно обезбеди пласман во 1/4 финалето на СП. „Фуријата“ успеа на денешниот меч од групата-1, да ја победи Словенија со 31:26 (15:15) и со тоа уште по првиот меч од главната рунда се чекираше во следната фаза на Мундијалот.

Словенија, посебно во првиот дел пружи силен отпор, имаше резултатски егал со тие 15:15, но во вториот дел Шпанците одиграа подобро, на време резултатски се “одлепија“ и на крајот заслужено славеа.

Словенците колку и да се трудеа, сепак дојде до израз искуство и секако квалитетот на силната селекција на Шпанија, која без проблем си “гази“ на СП.

Што се однесува со стрелците, на мечот кој се играше во “Таурон Арената“ во Краков, Одризола кај Шпанците постигна 6 голови, додека Даниел Душебаев имаше пет голови. Додека кај Словенците со 7 голови најзабележителен беше Доленец.

На вториот меч од главната фаза во попладневниот термин, и тоа во групата-2, Португалија со 35:23 ја победи селекција на Зеленортски острови.

Се оидгра и еден меч во “Президент Купот“, Чиле со 34:24 славеше против селекцијата на Уругвај.

ПретходноШкупи во Анталија си закажа контроли со клубови од Украина, Узбекистан, Литванија…
СледноГолемо дерби во четвртфиналето на шпанскиот Куп