Митревски: Секоја победа на СП е важна!

147

Македонската ракометна репрезентација денеска (18 часот) го игра вториот меч на Президент Купот, вкупно петти на Светското првенство. По трите порази во групната фаза, избраниците на Кирил Лазаров во Плоцк го запишаа првиот триумф, убедливо го совладаа Алжир со 40-25. Ваква победа и тоа како беше потребна по „високите“ порази во Краков.

“По три порази во групната фаза, навистина ни требаше да победиме. Секоја победа е важна за самодовербата и атмосферата во тимот. Президент Купот е познат како утешен турнир, но секоја победа на Светското првенство не радува”, изјави Митревски, кој беше прогласен за играч на мечот против Алжир, запиша десет одбрани.

Македонија и Тунис имаат историја на пресметки, а истата вели дека последен пат овие две земји се сретнале во 2017 година, нашата репрезентација славела со 34-30. Она што е важно да се знае дека од пет мечеви, три завршиле во корист на противникот. Останува да видиме денеска дали „црвено-жолтите“ ќе успеат да дојдат до нова победа.

ПретходноВклучен алармот во Јувентус: Играчите сакаат да го напуштат клубот, двајца побарале средба со управата!
СледноКлоп во клубот 1000 и Ферги му честиташе за јубилејот