“Чеканите“го победија очајниот Евертон, дрон го прекина мечот во Саутемптон! (ВИДЕО+ФОТО)

142

 

Евертон си тера по старо.Порази и само порази.Па така и попладнево “карамелите“ загубија како гости кај Вест Хем и тоа со 2:0. “Чеканите“ беа подобри и заслужено, со головите на Боувен во 34. И 42.минута ги освоија трите бода. Евертон уште повеќе се зацврсти на последното место на табелата.

Ова беше еден од четите средби попладнево во ПЛ во рамките на 21.коло.

Лестер и Брајтон одиграа супер интересни 2:2.“Лисиците“ до 88.минута водство со 2:1,но тогаш Фергусон со гол му донесе бод на својот тим.

Без победник одиграа и Борнмут и Нотингем Форест, но 1:1. Домашните поведоа со голот на Антони во 28.минута, но „шумарите“ дојдоа до бод со голот на Сариџ во 83.минута.

Image

Интересно беше во Саутемптон на кој се сретна истоимениот домашен тим и Астон Вила.Имено само што почна мечот истиот беше прекинат и тоа поради дрон кој леташе над стадионот “Сент Мери“.Поради безбедност играчите беа евакуирани во соблекувалните,но потоа средбата продолжи.

На крајот А.Вила со голот на Воткинс славеше со 0:1.

Токму затоа овој натпревар заврши неколку минути подоцна од останатите.

ПретходноТака е тоа кога игра Новак на АО: Денеска во Мелбурн е забележана рекордна посета!
СледноАлер со специјални копачки за утрешното деби за Дортмунд: Е*и се канцер! (ФОТО)