Новак Ѓоковиќ се пласираше во четвртото коло на Австралија опен, но сите се уште се загрижени за неговата повреда. Очигледно е дека има големи проблеми со задната ложа и дека тоа му пречи многу повеќе од противниците, но има и такви кои не веруваат во тоа. Навивачите на социјалните мрежи почнаа да пишуваат дека Србинот само глуми и дека навистина не е повреден, а на тоа реагираше Борис Бекер.
„Слушајте, јас го познавам Ѓоковиќ долго време и знам дека тој навистина има проблем со повреда. Тој не би се однесувал вака доколку се е во ред“, изјави Бекер, кој работи како стручен консултант за „Еуроспорт“.
Српскиот тенисер во следното коло игра против Де Минор.
„Се започна добро со повредата, потоа имаше некое движење и се тргна наопаку. Трошам многу енергија, и тоа, покрај се што се случува на теренот. Го прифатив и среќен сум што воопшто можам да играм. Како што изгледаше пред почетокот на турнирот, мислев дека нема да можам да учествувам. Не сакав да се повлечам, бидејќи чекав да видам како ќе изгледа на турнирот. Ќе одам натпревар по натпревар, ќе видам што ме чека“, изјави Ѓоковиќ.