Џерард: Навивачите на Челзи треба да бидат среќни, го добија новиот Робен

258

Некогашната ѕвезда на Ливерпул и на англиската фудбалска репрезентација, Стивен Џерард зборуваше со пофални зборови за новотоз засилување на Челзи, Михаил Мудрик.

22-годишното украинско крило, купено за 70+30 милиони евра, дебитираше за лондончани против Ливерпул (0:0), влегувајќи на теренот во второто полувреме.

„Да бев навивач на Челзи, ќе бев многу среќен со Мудрик бидејќи тој покажа многу добар квалитет. И иако се уште не се вклопил во составот, има многу интересни работи пред него. Малку ме потсети на Арјен Робен, според работата на нозете, брзината, начинот на кој ракува со топката. Би бил многу среќен кога би бил навивач на Челзи“, изјави поранешниот играч на Ливерпул.

ПретходноБарса нема да „избега“ така лесно – „Кралевите“ победија на жешкото гостување во Билбао (видео)
СледноЛинет ја запре и четвртата носителка на АО и обезбеди четвртфинале