Голеада на „Сигнал Идуна Парк“, Дортмунд победи а играше и Алер!(ВИДЕО)

104

 

Супер интересен меч на “Сигнал Идуна Парк“ во Дортмунд. Многу голови, дури седум, победа на Борусија над Аугсбург со 4:3, настап и на Себастијан Алер и негово деби во дресот на „милионерите“.

Ова во куси црти е епилогот од денешниот меч во Дортмунд, кој заслужено го доби домашниот состав пред 81.365 гледачи. Покрај победата домашните фанови му се израдуваа на настапот на Алер, кој од пред некоја недела се бореше со ракот. Напаѓачот влезе во игра во 62.минута место Мукоко.

Белингам во 20.минута донесе домашно водство, десет минути подоцна Маер донесе израмнување. Во 42.минута Шлотенберг дава гол за 2:1, но на пауза се заминува со 2:2 зошто Демировиќ стрела прецизно во 45+1.минута.

Во 75.минута Бунео – Гитенс и по третпат носи домашно водство, но Аугсбург и по третпат израмнува сега преку Чолина две минути подоцна.

Сепак Дортмунд победи благодарение на Реина и неговиот гол во 78.минута за конечни 4:3.

ПретходноСловенија ја демолира Ц. Гора, Унгарците сигурни, сега чекаат пораз на Португалија!
СледноАО во знакот на „династијата“ Корда: Татко му го освои, па падна на допинг, синот е четвртфиналист